Cabrio-Modelle Offen für Träume

СЛОБОДА И ЖЕЛБА ЗА АВАНТУРА ОТСЕКОГАШ ГИ СЛЕДАТ КАБРИО ВОЗИЛАТА НА VOLKSWAGEN. РЕЦЕПТОТ ЗА УСПЕХ: СЕ ЗЕМААТ ИСКЛУЧИТЕЛНИ ДИЗАЈНЕРСКИ ЕЛЕМЕНТИ, СЕ ИМПЛЕМЕНТИРААТ ВО ДИНАМИЧНИТЕ ПРОПОРЦИИ НА НОВОТО ВРЕМЕ И СЕТО ТОА СЕ ГАРНИРА СО ЈАСЕН, САМОУВЕРЕН И СУВЕРЕН СПОРТСКИ КАРАКТЕР.

BEETLE CABRIOLET

НОВ ДИЗАЈН ЗА СТИЛСКАТА ИКОНА

Во Beetle Cabriolet ќе ја доживеете целосно Вашата сопствена форма на слобода - и тоа не само кога ќе го отворите покривот. Дрзок, динамичен, мажествен... Бубата на 21. век јасно се истакнува со спортскиот карактер што ќе Ви го одземе здивот. И тој е отворен за сè: целосно  автоматскиот кабрио-покрив може за само 9,5 секунди да се отвори и при брзина од 50 km/h.

-> Beetle Cabriolet 
-> Beetle Cabriolet Dune

GOLF CABRIOLET

СЕНЗАЦИОНАЛЕН

Аеродинамичната силуета, кон тоа спортскиот преден дел и свежите бои: Golf Cabriolet се презентира себеси динамично и самоуверено. Отворете си го светот со целосно автоматскиот, електрично-хидраулички текстилен кабрио-покрив. Доволни се девет секунди при брзина на возилото до најмногу 30 km/h, за да се отвори кабрио-покривот за возење под отворено небо.

-> Showroom