Kompakt-Modelle Vom Kleinwagen bis zur Golf-Klasse

КОМПАКТНАТА КЛАСА КАЈ VOLKSWAGEN СЕ ПИШУВА СО ГОЛЕМА БУКВА. НЕ Е НИ ЧУДНО, БИДЕЈЌИ АВТОМОБИЛОТ КОЈШТО СВОЕТО ИМЕ Ü ГО ДАВА НА GOLF КЛАСАТА, СЕ ЗАЛАГА ЗА  БЕЗВРЕМЕНСКА ЕСТЕТИКА, КВАЛИТЕТ, ЕЛЕГАНЦИЈА И УБАВИНА. А ИСТО ТАКА И НЕГОВИТЕ ПОМАЛИ БРАЌА ГИ ИСПОНУВААТ БАРАЊАТА НА АВТОМОБИЛИТЕ ОД ПОВИСОКИТЕ КЛАСИ - КАКО ВАРИЈАНТИ СО 2 ИЛИ 4 ВРАТИ.

UP!

СИМПАТИЧНО ЕДНОСТАВЕН И ЕДНОСТАВНО СИМПАТИЧЕН

На должина од токму 3,54 метри, up! го интерпретира јазикот на дизајнот на Volkswagen на високо модерен стил и начин. Маркантно обликуваните странични прозорци, јасните површини и едноставните линии особено добро ги истакнуваат врвните перформанси како што се целосно застаклената задна врата. Предниот дел на up! плени со насмевка: неговото "Smiling Face" е заокружено со класична решетка за ладење со врамена ознака на марката.

-> up!
-> e-up!
-> cross up!

POLO

СИЛЕН КАРАКТЕР

Дизајнот на задниот дел е впечатлив поради јасните рабови, едноставните линии и компактниот облик. Задните светла, рефлекторите и самиот држач за регистерската табличка поставуваат впечатливи акценти и придонесуваат за тоа, со задоволство да се загледате во Polo. Остро засечените странични рабови и широкиот преден дел прават автомобилот Polo да изгледа подолг, без да ја изгуби компактноста. Деталите, како што се концизните надворешни ретровизори во боја на возилото со интегрирани трепкачи на спојлерот на кровниот раб го засилуваат впечатокот на динамика и агилност.

-> Polo
-> Polo GTI
-> CrossPolo
-> Polo BlueMotion 

GOLF

ЦЕЛОСНО ОБЛИКУВАНА, БЕЗВРЕМЕНСКА ЕЛЕГАНЦИЈА

Golf ја дефинира својата сопствена класа на дизајн. Тој со текот на времето стана позабележителен, поспортски и поаеродинамичен, но сепак си остана верен на себеси. Во каросеријата со модерни пропорции и помалата висина е сконцентриран спортскиот карактер и моќност на надворешна должина од 4,25 m. Карактеристичната силуета со маркантниот C-столб, продолженото меѓуосовинско растојание, пократките надвиснати делови и прецизните линии му даваат нова, безвременско-елегантна динамика.

-> Golf
-> Golf Rabbit
-> Golf GTI
-> Golf GTI Clubsport
-> Golf GTD
-> Golf R
-> Golf BlueMotion