SUV-Modelle Sport Utility Vehicles von Volkswagen

ТЕРЕНСКИТЕ ВОЗИЛА НА VOLKSWAGEN ПОСТОЈАНО СЕ ПРЕЗЕНТИРААТ СЕБЕСИ ДИНАМИЧНО И ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД ПОСТАВУВААТ СПОРТСКИ АКЦЕНТИ. СЕЕДНО ДАЛИ ВО ГРАД ИЛИ НАДВОР ОД АСФАЛТИРАНИТЕ ПАТИШТА: ПОДИГНАТАТА СЕДЕЧКА ПОЗИЦИЈА, ПО ЖЕЛБА ДОСТАПНИОТ ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА 4MOTION И РАЗЛИЧНИТЕ СЕРИСКИ И ОПЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ ВЕТУВААТ НАЈВИСОКО НИВО НА КОМФОР ПРИ ВОЗЕЊЕТО.

TIGUAN

ИСКЛУЧИТЕЛНО МОЌЕН ДИЗАЈН

Динамични пропорции, истакнат преден дел и моќно нагласен заден дел - новиот Tiguan не може да остане незабележан и покрај компактните димензии. Јасните форми на маркантната решетка за ладење продолжуваат во самоуверената силуета. Страничните делови се дополнително нагласени со карактеристичната изведба на линии. Неговата надворешност изразува сила и висока класа - соодветната комбинација за живот полн со можности.

-> Showroom

TOUAREG

НАЈГОЛЕМОТО ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО НА VOLKSWAGEN

Со својот прогресивен дизајн, Touareg ветува моќен настап на пат и на отворен терен. Тој до најситниот детаљ убедува со јасен и незаменлив дизајн. Неговиот преден дел сјае со компактната решетка за ладење, маркантните браници и модерно обликуваните фарови за магла. Моќниот заден дел открива оптички напредок преку новиот истакнат браник и дифузер, како и изострената Tornado-линија на задната врата.

-> Showroom