За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Новиот Passat Alltrack.

 

Passat Alltrack. Убедливо активен.

Тргнете по сопствен пат. Со Passat Alltrack. Ако со задоволство патувате вон асфалтираните патишта и вон градот, Passat Alltrack е вистинскиот сопатник. Со неговите Offroad можности, тој е опремен за скоро секој потфат.

Дизајн

Модерниот, самоуверен дизајн на новиот Passat Alltrack зрачи со елеганција и класа. Со неговите јасни форми и динамичните пропорции, ќе бидете секаде впечатливи. А благодарение на заштитата на неговото подвозје, тој е добро опремен и за лошо изградените патишта.

Екстериер Добра форма од секој агол.

Се покажува како самоуверен - дури и вон асфалтираните патишта: вон градот, Passat Alltrack одушевува со подвозје приспособено за лоши патишта и со заштитата на неговото подвозје остава впечаток со челичниот изглед.

Ентериер Опрема што зрачи.

Спортско-робустниот изглед продолжува и во внатрешниот простор на Passat Alltrack. Висококвалитетните дизајнерски елементи од нерѓосувачки челик, хром и алуминиум веднаш ќе Ве одушеват.

Варијанти на опрема

За чувство на безбедност и комфор. Дури и на тешки патишта.

Новиот Passat Alltrack е подготвен за скоро секоја подлога. И на патиштата и надвор од нив: благодарение на неговата интелигентна технологија, при возењето добивате чувство на полна динамика и извонредна тракција.

Агилно движење по кривини.

XDS

Електронската блокада на диференцијал XDS го помага спортското поминување низ кривините и ја зголемува безбедноста при возењето.

Дознајте повеќе

4MOTION стои цврсто благодарение на прилепеноста со подлогата.

Серискиот погон на сите тркала 4MOTION ја зголемува безбедноста при влага и голомразица и Вашиот Passat Alltrack го прави способен и за тешките подлоги.

Дознајте повеќе

Со Head-up дисплејот, гледате сè.

Опционалниот Head-up дисплеј во Вашето видно поле носи важни информации за возењето: директно пред предното стакло.

Дознајте повеќе

Адаптивно регулирање на подвозјето DCC.

Адаптивното регулирање на подвозјето DCC со електронски регулирани амортизери постојано се приспособува на конкретната возна ситуација. Со изборот на возен профил, можете да ги менувате карактеристиките на амортизерите и да го менувате управувањето   и притоа да бирате помеѓу различните поставувања.

Infotainment

Во Вашиот нов Passat Alltrack, Вие и Вашите сопатници сте добро конектирани и добро се забавувате. Уживајте во извонредниот звук, интуитивната навигација и комфорот на системот за говорно управување што чека на Вашата наредба.

Безжичен пристап до стриминг услуги.

Стриминг на медиуми

Кога патувате во Вашиот Passat Alltrack, не мора да се откажете од Вашите омилени услуги: преку Infotainment системот на Вашиот Passat, на располагање Ви стојат избрани стриминг услуги како на пр. Apple Music.

Дознајте повеќе

Ја чека Вашата наредба: говорното управување.

Разговарајте со говорното управување без притоа да мора да го тргнете погледот од патот. Без разлика дали преку говорното управување ја бирате Вашата омилена музика или ја планирате рутата, говорното управување е секогаш тука за Вас.

Дознајте повеќе

Радио „Composition“. Забавувајте се убаво.

Во Вашиот Passat Alltrack Вие сте програмски шеф: со сериското радио "Composition", нема шанси да Ви биде досадно.

Дознајте повеќе

Ќе продолжите по патот со добра забава.

Навигација.

По желба достапниот навигациски систем "Discover Pro" Ви помага лесно да дојдете до целта. Тој одушевува со сестраниот Infotainment и посебните комфорни карактеристики, како стримингот и интернет пакетот или We Connect Plus2.

Дознајте повеќе

IQ.DRIVE

IQ.DRIVE во Volkswagen ги претставува сите интелигентни системи за помош на возачот. За сите коишто веќе ги има кај нас, оние коишто ќе ги развиеме утре и оние коишто ги развиваме за иднината. IQ.DRIVE истовремено е симбол за иновативни идеи со јасен фокус: Вашиот комфор и Вашата безбедност.

Функции на IQ.DRIVE

Travel Assist

Назад кон прегледот

Уживајте во комфорот со притиснување на копче.

Замислете, дел од возењето се презема од системите за помош на Вашиот Passat. Тоа за Вас значи дека со системот за помош на возачот „Travel Assist“ уште денес ќе може да возите покомфорно и порелаксирано.

Area View

Назад кон прегледот

Приказ на околината „Area View“.

Приказот на околината „Area View“ со четирите камери нуди мноштво прикази коишто Вам значително Ви го олеснуваат маневрирањето. Така на пр. целата околина на возилото може да се прикаже од птичја перспектива. Или пак, може да видите „зад аголот“ на дисплејот на Вашиот Infotainment систем: камери на крајната предна и крајната задна точка на возилото овозможуваат поглед на патот кога возачот нема прегледност.

Електромеханички засилувач на сопирачките

Назад кон прегледот

Оптимален за кратко растојание потребно за сопирање.

Со серискиот електромеханички засилувач на сопирачките и во комбинација со системот за набљудување на околината „Front Assist“ со препознавање пешаци, патот потребен за сопирање на Вашиот Passat може да се скрати. На тој начин, може на пр. да се намали ризикот од незгоди со пешаци.

Trailer Assist

Назад кон прегледот

Систем за помош при маневрирање со приколка „Trailer Assist“.

Оној што еднаш се обидел да маневрира заедно со приколка, знае колку комплицирано може тоа да биде. Тука помош може да пружи системот за помош при маневрирање со приколка „Trailer Assist“. Тој може да помогне удобно да ја придвижите приколката наназад до целта, откако ќе го поставите саканиот правец на возење.

Систем за проактивна заштита на патниците

Назад кон прегледот

Вака ќе бидете заштитени од сите страни.

Системот за проактивна заштита на патниците во рамки на границите на системот Ве обезбедува во критични ситуации, како на пр. претстојни судири.

Поврзете се со светот.

Во Passat Alltrack ќе бидете онлајн. И тоа на начин на којшто сте навикнати да бидете во Вашето секојдневие - секогаш и секаде, со пријатели, со семејството и со деловните партнери. Фиксно вградена eSIM-картичка Ви овозможува директен пристап до мобилните онлајн услуги на We Connect.. Безжично и сериски. И по пат останете одлично информирани и во добро расположение.

We Connect
We Connect Plus
Мобилен клуч

We Connect. Безжично поврзани со Вашиот Passat Alltrack.

Вашиот влез во дигиталните услуги на Volkswagen и директна врска со Вашето возило: со пакетот We Connect 2, во Вашиот Volkswagen сте интегрирано поврзани и по еднократното активирање може бесплатно да користите многу корисни и иновативни онлајн услуги.

We Connect Plus. Дополнително осмислена поврзаност.

Целата низа дигитални услуги на Volkswagen ја носи поврзаноста на сосема ново ниво: We Connect Plus2 Ви нуди дополнителни паметни функции од интелигентната навигација со информации во реално време, преку стриминг на медиуми и интернет радио, па сè до користење на Вашиот паметен телефон како далечински управувач за практични информации за возилото - за уште повеќе комфор и забава.

Делете го Вашиот Passat со другите.

Практично и паметно: по Ваша желба, отворајте го и стартувајте го Вашиот Passat удобно и брзо со Вашиот паметен телефон3 како клуч. Мобилен клуч може да им дадете и на Вашите пријатели и членови на семејството за да им овозможите едноставно користење на Вашето возило.

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team