Со висока резолуција и интерактивен.

Дигитален кокпит.

Опционалниот дигитален кокпит Ви прикажува важни информации и тоа особено прегледно на дисплеј со висока резолуција. Покрај поголемата густина на пикселите, поинтензивните бои и осветленоста, како и поголемиот контраст, тој нуди можност за избор на различни прикази. Оставете да Ви се прикажат дополнителни податоци покрај класичните содржини како мерачот на број на вртежи, тахометарот и километражникот на инструментната табла.

Што сакате да гледате може да изберете преку повеќефукцискиот управувач и Infotainment системот: по потреба, може на пр. да повикате детални податоци за возењето, да прикажете навигациски мапи на целиот дисплеј или оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот. Може на целата површина да се прикажат и информациите за насловот на во моментот слушаната песна на Вашиот MP3 плеер или за контактот со којшто во моментот телефонирате. Или пак, изберете комбинација од на пр. навигациска мапа и приказ на медиуми.

Преку Infotainment системот, може најмногу три приказа да конфигурирате, меморирате и изберете со притиснување копче преку повеќефункцискиот управувач. Дополнително на располагање Ви стои и класичниот профил. Тука како и вообичаено се прикажува повеќефункцискиот индикатор помеѓу брзината и бројот на вртежи.

Затвори
Затвори мени

Новиот Passat Alltrack.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team