Со новиот Passat Alltrack, може да скршнете од вообичаените рути и благодарение на зголемената прилепеност за подлогата, да бидете самоуверени и на неасфалтираните патишта. Дискретниот браник напред со решетка за вентилација во спортски Offroad изглед и видливата заштита на подвозјето напред и одзади со челичен изглед, и визуелно ја потврдуваат неговата подготвеност за понапорните подлоги. На предниот дел, одушевуваат сериските фарови за магла и хромираните куќишта на надворешните ретровизори.
На задниот дел, сјаат хромираните трапезоидни цевки за издувни гасови на двете страни. Фаровите визуелно го издолжуваат задниот дел. И натписите "Alltrack" на решетката на ладилникот на страните и на задната врата, како и сериските тркала од лесен метал од 17 инчи "Ancona"¹ покажуваат дека е обрнато големо внимание на спортските детали.
Unsere Fahrzeuge sind serienmäßig mit Sommerreifen ausgestattet.