Со Head-up дисплејот, којшто опционално е достапен за сите Passat модели, во директното видно поле ги имате сите значајни информации: на пр. брзина, пораки на системите за помош на возачот или навигациски напомени. Податоците се проектираат на висококвалитетна оптичка површина пред предното стакло со тоа што сето она што е важно ќе Ви биде пред очи и нема да мора да го тргате погледот од патот. Информациите добро се читаат дури и кога доаѓа светлина отспротива. Ако привремено не Ви треба Head-up дисплејот, тој може да се спушти во линија на инструментната табла.