За најдобро искуство при користење на веб-страницата
Оваа страница користи колачиња за најдобро можно корисничко искуство. Продолжувајќи да ја користите нашата страница, вие ја прифаќате употреба на нашите колачиња (основни колачиња). Колачињата што се предмет на задолжително одобрување (аналитички колачиња, функционални колачиња, колачиња за персонализирана содржина) се активираат само по нивното активирање. Ако се согласите да користите колачиња, податоците за идентификација ќе бидат обработени од наши партнери (даватели на колачиња и даватели на ИТ услуги). Одговорна за оваа веб-страница и колачињата е „Порше Македонија ДООЕЛ Скопје”. Дополнителни информации за користените колачиња и нивното деактивирање може да се најдат
Активирајте ги сите колачиња
Затвори мени

Новиот Passat.

 

Поголем квалитет на живот со поголем комфор.

Припаѓате ли и Вие кон луѓето кои се многу зафатени, кои често се на деловни патувања или приватно управуваат со семејното секојдневие? Тогаш вистинското за Вас е доверливо возило на Ваша страна. Новиот Passat е и многу повеќе од тоа: Негова работа е да ја олесни Вашата работа. Благодарение на неговите функции кои интуитивно се ракуваат, секое возење ќе се претвори во искуство на највисоко ниво на комфор.

Надворешност Елеганција и динамика - под еден покрив.

Успешна комбинација од спортски дух и хармоничен тек на линии: Динамичниот дизајн со впечатлива светлосна сигнатура на новиот Passat му подарува суверен и самоуверен изглед.

Внатрешност Дополнително осмислен концепт за простор.

Внатрешната опрема не се грижи само за комфор на највисоко ниво, туку и за пријатно чувство на простор. Кон врвните карактеристики се вбројуваат и висококвалитетните седишта и украси.

Амбиентално осветлување Поставете индивидуални светлосни акценти.

Опционалното амбиентално осветлување со интензитет кој може да се регулира се грижи за импресивно и уникатно чувство на простор.

Варијанти на опрема

Новиот Passat Variant: Перспектива од 360 степени

Комфор

Passat на многу начини импресионира со комфорни функции, кои придонесуваат за Вашата благосостојба на долги, како и на кратки патеки.

Digital Cockpit

Со висока резолуција и интерактивен.

Аналогноста е минато. По желба заменете ги класичните кружни инструменти со дисплеј со висока резолуција. Иновативниот Digital Cockpit може да Ви даде информации, кои се протегаат надвор од брзината и приказот за гориво.

Дознајте повеќе

Easy Open. Отворете го багажниот простор брзо со стапалото.

Замислете, Вашето релаксирање започнува уште пред да тргнете. Со опционалната "Easy Open" можете да ја отворите електричната врата од багажниот простор само со мало движење.

Дознајте повеќе

IQ.DRIVE

IQ.DRIVE кај Volkswagen репрезентативно се залага за сите интелигентни системи за помош на возачот. За сите оние кои кај нас постојат веќе денес, за оние кои ќе се создадат утре и оние за кои ја истражуваме иднината. IQ.DRIVE истовремено се залага за иновативни идеи со јасен фокус: Вашиот комфор и Вашата безбедност.

IQ.DRIVE Карактеристики

Travel Assist

Назад кон прегледот

Уживајте во комфор со притискање на копче.

Замислете, дел од возењето ќе се преземе од системите за помош на Вашиот Passat. Тоа за Вас значи, дека веќе денес можете комфорно и релаксирано да возите со системот за помош на возачот "Travel Assist“.

Паркирање

Назад кон прегледот

Паркирањето никогаш не било полесно.

Самостојното паркирање е минато. Со помошта при паркирање која сериски се добива од Business и системот за помош при паркирање "Park Assist" кој можете да го добиете по желба ќе заштедите многу труд при паркирање и маневрирање1 и во секое време ќе ја задржите контролата врз Вашето возило.

Електромеханички засилувач на сопирачки

Назад кон прегледот

Оптимиран за кратко растојание на сопирање.

Со серискиот електромеханички засилувач на сопирачки и заедно со системот за набљудување на околината "Front Assist“ со препознавање на пешаци може да се скрати растојанието на сопирање на Вашиот Passat.1 На тој начин на пример може да се намали ризикот за незгоди со пешаци.

Front Assist

Назад кон прегледот

Може да препознае опасности, уште пред да настанат.

Системот може да препознае пешаци на улицата и навремено да Ве предупреди. Доколку не реагирате, тој може автоматски да сопре и во идеален случај во рамките на неговите системски граници да спречи незгоди со пешаци.

Систем за проактивна заштита на патници

Назад кон прегледот

Ќе бидете заштитени од сите страни.

Проактивната заштита на патници во рамките на границите на системот Ве обезбедува во критични ситуации, како на пример скоро претстојни судири.

Новиот Passat 2019

Infotainment

Во Вашиот нов Passat Вие и Вашите патници добро ќе се забавувате и ќе бидете поврзани во мрежа. Уживајте во извонреден звук, во интуитивна навигација и во комфорот на јазичен систем за помош, кој слуша по Ваша наредба.

Имајте едноставен пристап до услугите за стриминг.

Стриминг на медиуми

Кога патувате во Вашиот Passat не мора да се откажете од Вашите омилени услуги: Преку Infotainment системот на располагање Ви стојат избрани услуги за стриминг, како на пр. Apple Music.

Дознајте повеќе

Чека Ваша наредба: говорното управување.

Зборувајте со говорното управување, без притоа да мора да го тргнете погледот од патот. Без разлика дали преку говорното управување ја избирате Вашата омилена музика или ја планирате рутата - говорното управување секогаш Ви стои на располагање.

Дознајте повеќе

Радио "Composition". Забавувајте се добро.

Во Вашиот Passat Вие ја избирате за програмата: Со сериското радио "Composition" досадата не е опција.

Дознајте повеќе

Останете фокусирани со добра забава.

Навигација.

Навигацискиот систем "Discover Pro" кој можете да го добиете по желба Ви помага добро да стигнете до целта. Тој импресионира со многустран Infotainment и посебни врвни карактеристики на комфор, како пакетот Стриминг & интернет или We Connect Plus.

Дознајте повеќе

Поврзете се со светот.

Во Passat ќе бидете онлајн. И тоа онака, како што сте навикнати во Вашето секојдневие - секогаш и секаде, со пријателите, семејството и деловните партнери. Фиксно вградената eSIM-картчка Ви овозможува директен пристап до мобилните онлајн услуги на We Connect. Едноставно и сериски. Исто така додека патувате останете врвно информирани и имајте добра забава.

We Connect Plus

We Connect Plus. Дополнително осмислена конективност.

Сиот свет на дигитални услуги од Volkswagen ја носи конективноста на ново ниво: We Connect Plus2 Ви нуди дополнителни паметни функции од интелигентна навигација со актуелни информации, преку стрминг на медиуми и интернет радио, сè до користење на Вашиот паметен телефон како далечински управувач за практични  информации на возилото - за уште повеќе комфор и забава.

Мобилен клуч

Мобилен клуч. Делете го Вашиот Passat со други.

Практично и паметно: Доколку сакате, отворете го и стартувајте го Вашиот Passat удобно и брзо со Вашиот паметен телефон³ како клуч. Мобилните клучеви можете да ги испратите исто така на пријатели и на членови од семејството за да им овозможите едноставно користење на Вашето возило.

Дознајте повеќе

Информативен материјал за Новиот Passat Variant

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team