Со новиот опционален Active Info дисплеј, ќе уживате во предностите на инструментна табла со TFT дисплеј во боја со висока резолуција и 26 cm (10,25 инчи). Покрај поголемата густина на пикселите, поинтензивните бои и осветленоста, како и поголемиот контраст, тој нуди можност за избор на различни прикази. Дозволете да Ви се прикажат дополнителни податоци покрај класичните содржини како мерачот на број на вртежи, тахометарот и километражникот на инструментната табла.
Што сакате да гледате може да изберете преку повеќефукцискиот управувач и Infotainment системот: по потреба, може на пр. да повикате детални податоци за возењето, да прикажете навигациски мапи на целиот дисплеј или оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот. Може на целата површина да се прикажат и информациите за насловот на во моментот слушаната песна на Вашиот MP3 плеер или за контактот со којшто во моментот телефонирате. Или пак, изберете комбинација од на пр. навигациска мапа и приказ на медиуми.
Преку Infotainment системот, најмногу три приказа може да конфигурирате, меморирате и изберете со притиснување копче преку повеќефункцискиот управувач. Дополнително на располагање Ви стои и класичниот профил. Тука како и вообичаено се прикажува повеќефункцискиот индикатор помеѓу брзината и бројот на вртежи.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück