Подобра ориентација, актуелни информации: пакетот услуги Car-Net "Guide & Inform"* Ви стои на располагање со по желба достапниот навигациски систем "Discover Media" и Ви отвора нови можности за користење на предностите на интернетот за време на возењето во Вашиот Volkswagen.
Користете податоци чијашто актуелност скоро и не може да се надмине. Ако на пр. некаде настане застој или истиот повеќе го нема, тоа ќе го дознаете онлајн скоро во реално време. Особено комфорно: Вашата рута автоматски соодветно ќе се приспособи. Дозволете Car-Net да бара можности за враќање, а со онлајн пребарувањето посебни цели откријте бројни атрактивни ресторани и други одлични места долж Вашата рута. Може да се прикажат бројот на слободни паркинг места, како и бензинските станици со актуелни информации за цените. Онлајн вчитувањето цели овозможува комфорно до возилото да праќате навигациски цели од Вашата канцеларија, од дома или по пат.
* За користењето на Car-Net Guide & Inform, треба онлајн да се склучи засебен договор со Volkswagen AG. По предавањето на возилото, клиентот има време од 90 дена да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/Car-Net. Доколку регистрацијата се изврши подоцна, се скратува времетраењето на бесплатниот период.
Користењето на мобилните онлајн услуги (Car-Net "Guide & Inform") е можно само со опционалната опрема Discover Media. Дополнително Ви треба мобилен краен уред со можност за користење интернет (на пр. паметен телефон), којшто е способен да делува како мобилен WLAN-Hotspot. Алтернативно, со опционалниот Car-Stick LTE во комбинација со навигацискиот систем Discover Media, може на едноставен начин да се воспостави интернет врска за Вашиот навигациски уред, како и W-LAN Hotspot во возилото. Car Net услугите се достапни само со постоечки или засебно склучен договор за мобилна телефонија помеѓу Вас и Вашиот провајдер и само онаму каде што има покриеност со конкретната мобилна мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата конкретна тарифа за мобилна телефонија и особено при користењето во странство, може да настанат дополнителни трошоци (на пр. давачки за роаминг). Поради волуменот на податоци што се користи во рамки на користењето на Car Net услугите, задолжително се препорачува договор за паушална тарифа за податоци со Вашиот провајдер.
Достапноста на Car-Net Guide & Inform услугите може да биде различна зависно од земјата. За конкретно договорениот период, овие услуги стојат на располагање и може во времетраењето на договорот да подлежат на измени на содржината. Подетални информации за Car-Net ќе добиете на www.volkswagen.com/Car-Net и кај Вашиот партнер на Volkswagen, информации за тарифите за мобилната телефонија ќе добиете кај Вашиот провајдер.
Опционалниот Car-Net App-Connect Ви овозможува Вашиот паметен телефон удобно да го поврзете со опционалниот радиосистем "Composition Media" или со по желба достапниот навигациски систем "Discover Media". На тој начин, со помош на екранот на допир може да се ракува со избрани апликации од Вашиот мобилен телефон. Но предноста не е само во поедноставното ракување: многубројни апликации може да обработуваат податоци ставени на располагање од возилото за да Ви се понудат бројни корисни или забавни функции.
Volkswagen нуди дури три интерфејса за поврзување на паметен телефон со многу можности: MirrorLink®, Android Auto™ од Google и Apple CarPlay™. На www.volkswagen.de/mobiltelefon може да проверите со која од наведените технологии е компатибилен Вашиот паметен телефон. Ве молиме имајте предвид и дека некои апликации не се нудат за ниедна од трите технологии и достапноста на тие технологии може да биде различна во зависност од земјата.
Бесплатната апликација Volkswagen Connect во комбинација со DataPlug* Ви ги нуди сите важни информации за возилото - за обемен преглед на Вашето возило на паметниот телефон. Со едноставна Bluetooth-врска и инсталација, Volkswagen Connect Вашиот T-Cross ќе го претвори во поврзано возило и покрај тоа нуди совршено дополнување на функциите на Car-Net Guide & Inform.
На Вашиот паметен телефон, во секое време гледајте информации како километражата, претстојните сервисни интервали или актуелните предупредувачки напомени и препораки за дејствување. Во случај на дефект, можете директно од апликацијата да контактирате со 24-часовната линија за помош на Volkswagen во конкретната земја или со најблискиот сервисен партнер на Volkswagen. Прегледајте ги Вашите последни возења во дигиталниот записник на возења и контролирајте ги Вашите трошоци по возење со помош на записникот за точење горива. А на Вашите секојдневни делници, низ игра добивајте поени и трофеи за уште поголемо уживање при возењето.
Откријте и многу други функции на Volkswagen Connect на vwconnect.com.
* Dataplug може да се набави кај Вашиот партнер на Volkswagen. Подетални информации за апликацијата, функциите, често поставуваните прашања и компатибилноста со другите модели од година на производство 2008 ќе добиете на vwconnect.com
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück