Поставете нови стандарди со дизајнот на T-Cross: непрекинатата рамена линија од хаубата на моторот до задните светла, полигоналната каросерија и зголеменото растојание од тлото ја сочинуваат прогресивната форма и на ова мажествено теренско возило му даваат динамичен изглед.
Неговиот Offroad карактер дополнително се засилува со вдлабнатините на хаубата на моторот, коишто го прават да изгледа уште помоќен и подолг. Подигнатата положба на седиштата, типична за теренско возило, веднаш Ви дава чувство како да сте над сè. А благодарение на рамните линии на прозорците, за време на возењето имате добра прегледност.
Уживајте во модерниот дизајн и висококвалитетната изработка на Вашиот T-Cross. За свежиот изглед придонесуваат и црните пластични капаци на куќиштата на тркалата и страничните прагови. Истото инаку важи и за изгледот на задниот дел на T-Cross - задниот дел со неговите маркантни рефлектирачки ленти и LED задни светла сигурно ќе остави траен впечаток.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück