Сакате кога Вашето возило има карактер, а притоа ја рефлектира Вашата лична замисла? Во тој случај, апсолутно ќе Ве воодушеви серискиот ентериер и индивидуалните можности за нагодување на новиот T-Cross: во однос на декорациите, по желба на располагање Ви стојат три пакета со различен дизајн. Изберете го Вашиот омилен и дозволете внатрешниот простор на Вашиот T-Cross да има повеќе карактер и впечатливост благодарение на различните бои за средишните и внатрешните делови на навлаките на седиштата, декорациите, како и капакот на средишната конзола.
Покрај многуте можности за нагодување, T-Cross нуди и висок степен на комфор: линиите на опрема T-Cross и Life се опремени со удобни и висококвалитетни седишта со текстилен материјал. Во T-Cross Style, напред седите на спортски комфорни седишта.
Благодарение на индиректното амбиентално осветлување за линијата на опрема Style и опционално и за T-Cross Life, повеќе нема да Ви недостига убава атмосфера во внатрешниот простор. Амбиенталното осветлување нуди децентни светечки акценти во внатрешноста на Вашиот T-Cross - тоа е особено пријатно при возење ноќе или при подолги патувања во темнина, а покрај тоа дава и стилски изглед.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück