Опционалниот систем за помош за управување при паркирање "Park Assist" може да препознае попречни и надолжни паркинг-места и самостојно да го преземе управувањето до завршувањето на паркирањето.* Од надолжни паркинг-места системот може и да излезе. Притоа, Вие ракувате со куплунгот, гаста и сопирачката додека ја набљудувате околината на возилото.
* Во рамки на границите на системот.
Опционалната камера за возење наназад "Rear View" Ви помага при маневрирање возејќи наназад.* Сликата на камерата на дисплејот на радиото или навигацискиот систем притоа Ви го прикажува пределот зад возилото.
* Во рамки на границите на системот.
Уште колку место има? Опционалната помош при паркирање Ви го олеснува паркирањето во непрегледни паркинг-места со помош на предупредувачки тонови. Тоа го овозможуваат сензорите во предниот и задниот дел. На тој начин, добивате предупредувања за препреки со акустични сигнали и графички приказ на дисплејот на Infotainment системот.*
Нов составен дел од помошта при паркирање е интегрираната функција за сопирање при маневрирање. При возење наназад со брзина до 10 km/h, системот може да избегне судир преку итно сопирање или да ја намали тежината на истиот. И при возење нанапред, функцијата за сопирање при маневрирање може да ја активирате со притиснување копче. Во случај на препрека пред возилото, може да се изврши автоматско сопирање доколку не реагирате на акустичните предупредувања на помошта при паркирање. Во линијата на опрема Style, во сериската опрема спаѓа практичната помош при паркирање со функција за сопирање при маневрирање.
* Во рамки на границите на системот.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück