Внатрешниот простор на Вашиот T-Cross може сестрано да се користи и е варијабилно приспособлив: покрај клупата со задни седишта што се поместува и дели, а којашто нуди голем простор за сместување, благодарение на високата позиција на седиштата, внатрешниот простор дава пријатно чувство на слобода. А за почит е и волуменот на багажниот простор од најмногу 455 литри. Ако тоа не Ви е доволно, средишниот потпирач за раце може да го поместувате по висина и должина. Исто толку добро осмислен е и концептот на преградите: тој нуди практични прегради во инструментната табла, како на пр. држачот за пијалаци и преградата за мобилен телефон во средишната конзола, како и преградите во вратите. Место за несесерот за патување и сето она што би сакале да Ви е при рака, нудат џебовите на задните страни на предните потпирачи и големата преграда во средишниот потпирач за раце напред.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.
Setzt zu einem späteren Zeitpunkt ein.