Опционалниот навигациски систем "Discover Media" за радиото "Composition Media" е опремен со TFT дисплеј во боја со 20,3 cm (8 инчи), инсталирани мапи за Европа, екран на допир со сензори за приближеност и читач за CD за MP3, AAC и WMA со шест звучника. Покрај тоа, системот располага со два отвора за SD-картички, USB-интерфејс (тип A), како и Bluetooth поврзување за мобилни телефони. А со мобилните онлајн услуги Car-Net, и додека патувате ќе останете конектирани.
Ако сакате, можете притоа да слушате и радио.
Со опционалното радио "Composition Media" доаѓаат и шест звучника. Тоа ги содржи сите функции и можности за приклучување на претходно споменатиот модел, како и USB-интерфејс (тип A). Покрај тоа, со него може особено комфорно да се ракува со екран на допир во боја од 20,3 cm (8 инчи).
Сериското радио "Composition Colour" има дисплеј на допир во боја со димензија од 16,5 cm (6,5 инчи) и може да репродуцира музика во MP3 и WMA формат. Тоа прима FM радиостаници и располага со два USB-интерфејса (тип C). Вашиот мобилен телефон може да го приклучите преку Bluetooth. Звукот се пренесува преку шест висококвалитетни звучника.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück