Останете добро поврзани.
Опционалниот интерфејс за мобилен телефон "Comfort" овозможува релаксирани разговори за време на возењето. Особено практично: интегрираната преграда со функција за индукциско полнење и индукциска врска со надворешната антена овозможува особено непречен прием при разговорот со слободни раце. Со неа може удобно да се ракува преку повеќефункцискиот индикатор, повеќефункцискиот управувач или екранот на допир на радиото. Покрај тоа, таа е опремена со уште еден USB-приклучок за надворешни уреди.
Индукциско полнење.
Имате ли секогаш кабел за полнење при рака кога Вашиот паметен телефон ќе се испразни? Во новиот T-Cross, повеќе не мора да се грижите за кабелот. Едноставно ставете го Вашиот мобилен телефон во предната преграда каде што тој индукциски ќе се наполни. Предуслов е тој да поддржува Qi-стандард. Индукциското полнење е дел од опционалниот интерфејс за мобилен телефон "Comfort", но може и засебно да се нарача.
Со два USB-приклучока во задниот дел на средишната конзола, сериски достапни од линијата на опрема Life, Вашите патници во задниот дел може да полнат Mp3-плеер, дигитална камера или мобилен телефон. Последниот секогаш се испразнува баш кога најмногу ни треба.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück