За време на возењето, "Blind-Spot" сензорот преку LED диоди во конкретниот надворешен ретровизор може да Ве предупреди за возила во мртвиот агол.* При излегување од паркинг-место наназад, интегрираниот систем за помош при излегување од паркинг-место го надгледува делот зад Вашето возило и Ве предупредува за препознаениот сообраќај што попречно се движи.*
\*Во рамки на границите на системот\
Автоматското регулирање на растојанието ACC по желба Ви помага да ги одржувате претходно од Ваша страна избраната максимална брзина* како и исто од Ваша страна поставеното растојание до возилото пред Вас.**
\* До најмногу 210 km/h.\
\** Во рамки на границите на системот.\
Опционалното регулирање на долгото светло "Light Assist" преку камера вградена зад предното стакло може да ги препознае возилата што доаѓаат отспротива и возилата пред Вас и автоматски да менува помеѓу соборено и долго светло.*
Со овој систем не само што се намалува оптоварувањето на возачот, туку значително се подобрува времето на вклучување на долгото светло и со тоа се овозможува подобра прегледност. Резултат од тоа е поголем комфор при ноќни патувања.
\* Во рамки на границите на системот.\
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück