Без разлика дали се работи за кеси со намирници, габаритна спортска опрема или голем багаж за патување - задниот дел и багажниот простор на Вашиот T-Cross нудат голем простор за сместување. А како дел од сериската опрема, ќе бидете одушевени и со високиот степен на флексибилност: варијабилната клупа со задни седишта може да се приспособи на Вашите желби. Без разлика дали ќе ја поместите целосно нанапред за на тој начин создадениот простор за сместување да го искористите за багаж или кеси од шопинг, или пак целосно или асиметрично ќе ја склопите во рамна површина за товарање. Зависи целосно од Вас. Благодарение на просторниот концепт во задниот дел, ќе возите убаво и комфорно бидејќи големиот простор за нозете и на високите луѓе ќе им овозможи повеќе слободен простор за движење.
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück
Прикажаните возила се со вклучена дополнителна опрема. Gehe zurück