Подлогата сака да се менува, Вашата радост при возењето не: Доколку се одлучите за T-Roc со 4MOTION погон, можете да активирате возни профили за разни ситуации на улицата - благодарение на 4MOTION Active Control. Притоа имате избор меѓу опциите Snow, Offroad и Offroad Individual. Системот удобно го ракувате преку прекинувач со функција на вртење/притискање. Во дополнителниот Onroad режим можете на пример да го изберете економичниот режим Eco или динамичен спортски режим.
4MOTION Active Control е во контакт со системот за помош при возење по надолнини, системот за помош при поаѓање на нагорнини, електронската контрола на стабилност и електронската блокада на диференцијал. Во зависност од избраниот профил се менуваат карактеристиките на погонот како контролата на педалот за гас, менувањето степени, моторната сопирачка и помошта при поаѓање. Резултат: искуство при возењето, кое е уште полесно - дури и при снег и на неасфалтирани патишта.