Доколку Ви се приближува автомобил одзади а не можете да го видите на Вашиот страничен ретровизор и на ретровизорот за возење наназад, тогаш тој се наоѓа во опасен мртов агол. Пред промена на коловозната лента Ви помага конвенционалното погледнување наназад, а сега и опционалниот Blind Spot сензор². Тој може да предупреди¹ веќе при брзина од 15 km/h, со тоа што на надворешниот ретровизор на Вашиот T-Roc светнува LED приказ. Покрај тоа доколку го вклучите трепкачот, светлото започнува да трепка посветло и побрзо и предупредува за возилото во мртвиот агол. Во комбинација со серискиот систем за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist", Blind Spot сензорот може дури да предупреди¹ за промена на коловозна лента дури и со коригирачка интервенција во управувањето.
Системот за помош при излегување од место за паркирање² Ви помага¹ при излегување од место за паркирање наназад. Со помош на сензорите во задниот браник се набљудува попречниот сообраќај зад возилото. Доколку од страната се приближува друг автомобил, велосипедист или пешак, ќе Ве предупредат сигнален тон и приказ на дисплејот на Infotainment системот. Доколку не реагирате навремено, системот може да ги намали можните последици од незгода при претстоен судир со интервенција во сопирањето или во оптимален случај да ги спречи.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.
Setzt zu einem späteren Zeitpunkt ein.