Не возете повеќе без Интернет.

Connectivity.

Под Интернет во автомобилот кај Volkswagenсе подразбира Car-Net. Зад тоа се кријат практични услуги и апликации од помош. Пакетот на услуги Car-Net "Guide & Inform"1 по желба на располагање Ви стои заедно со Infotainment системот "Discover Media". Со поврзување на Интернет можете да користите податоци, чија актуелност ретко може да се надмине. Доколку на пример некаде се создаде или се расчисти застој, веднаш ќе дознаете онлајн. Особено комфорно: Вашата рута автоматски соодветно ќе се прилагоди. Оставете Car-Net да пребарува можности за пауза и со онлајн пребарувањето на посебна цел откријте голем број на атрактивни ресторани. За Вас може да пронајде и други интересни посебни цели. Без разлика дали се работи за хотел, бензинска станица или ново отворено кино: податоците од Интернет се грижат за такви возбудливи и корисни откритија.

Опционалната апликација Car-Net App-Connect Ви дозволува Вашиот паметен телефон удобно да го поврзете со опционалниот радио систем "Composition Media" или со навигацискиот систем "Discover Media", кој можете да го добиете по желба. На овој начин се ракуваат избраните апликации од Вашиот мобилен телефон со екран на допир. Сепак, предноста не е само во едноставното ракување: голем број на апликации можат да ги обработуваат информациите кои се ставени на располагање од возилото, за да Ви понудат дополнителни корисни или забавни функции. Volkswagen истовремено нуди три интерфејси за поврзување на паметен телефон со многу можности: MirrorLink®, Android Auto™ на Google и Apple CarPlay™. На www.volkswagen.de/mobiltelefon можете да проверите со кои од наведените технологии е компатибилен Вашиот паметен телефон. Ве молиме обрнете внимание и на тоа, дека повеќето апликации не се нудат за сите три технологии и дека достапноста на овие технологии може да варира зависно од земјата.

Кога е следниот термин за сервис? Колку е полн резервоарот? Кога едно возило го користат повеќе лица, добро е да се знае дека таквите прашања по желба можат едноставно да се одговорат и онлајн. Благодарение на опционалната услуга Car-Net "Security & Service"2 на располагање Ви стојат многу релевантни возни податоци на Car-Net порталот или во Car-Net апликацијата. Технологијата сепак може да се покаже како корисна и за време на возењето: ако системот регистрира незгода во рамките на неговите граници, автоматски се воспоставува контакт со Volkswagen централата за итни повици. Се разбира дека порака во итен случај можете самостојно да испратите и рачно, со притискање на копче. Со оваа услуга за итен повик е можно, зависно од ситуацијата, да алармирате за помош на лице место.

1. Користењето на мобилните онлајн услуги Car-Net "Guide & Inform" е можно само со опционалната опрема "Discover Media". Дополнително Ви е потребен мобилен краен уред (на пример паметен телефон), којшто поседува способност да делува како мобилен WLAN Hotspot. Алтернативно, опционалниот CarStick може да користи и SIM-картичка со опција за податоци. Услугите Car-Net "Guide & Inform" се достапни со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со прием на податочни пакети од Интернет, зависно од Вашата конкретна мобилна тарифа и особено при патување во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пример роаминг). Врз основа на настанатиот обем на податоци во рамките на користењето на Car-Net "Guide & Inform" услугите веднаш се препорачува договор за паушална такса со Вашиот мобилен оператор! За користење на Car-Net "Guide & Inform" треба да се склучи посебен договор со Volkswagen AG. По предавање на возилото, клиентот има 90 дена за да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/car-net. Достапноста на Car-Net "Guide & Inform" услугите може да варира зависно од земјата. Овие услуги стојат на располагање за конкретно договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на содржински промени. Подетални информации за Car-Net "Guide & Inform" ќе најдете на www.volkswagen.com/car-net und и кај Вашиот партнер на Volkswagen, додека информации за условите за тарифи за мобилната мрежа кај Вашиот мобилен оператор.

2. За користење на Car-Net Security & Service треба да се склучи посебен онлајн договор со Volkswagen AG. За да можете да ги користите услугите со целосното времетраење, по предавање на возилото клиентот има 90 дена за да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/Car-Net. Услугата за итен повик се активира веќе од испораката без регистрација. Достапноста на Car-Net услугите може да варира зависно од земјата. Овие услуги стојат на располагање за конкретно договореното времетраење на договорот и можат да подлежат на содржински промени. За користење на бесплатната апликација Car-Net е потребен паметен телефон со оперативен систем iOS или Android и SIM-картичка со опција за податоци со постоечки или посебно склучен договор за мобилна мрежа меѓу Вас и Вашиот мобилен оператор. Со испраќање или примање на податочни пакети преку Интернет, зависно од Вашата конкретна мобилна тарифа и особено при патување во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пример роаминг). Подетални информации за Car-Net "Guide & Inform" ќе најдете на www.volkswagen.com/car-net und и кај Вашиот партнер на Volkswagen, додека информации за условите за тарифи за мобилната мрежа кај Вашиот мобилен оператор.

Close