Дизајнот на T-Roc покажува карактер: висококвалитетен, ориентиран кон детали и авангарден. Извонреден елемент на дизајнот е впечатливиот C столб: Сјајна лајсна ја нагласува долгата линијата на кровот на возилото, специфична за coupé. Истовремено, маркантниот преден дел и јасните странични делови на T-Roc даваат моќен и самоуверен изглед.
Спортската форма на Coupé компактниот Crossover оптички го издолжува, исто како и долгото меѓуосовинско растојание со кратките надвиснати делови. Големиот отвор за воздух напред, страничните прагови со црни капаци на тркалата и моќниот дифузер назад покажуваат колку многу динамика и задоволство за време на возењето се кријат во него.