Во новиот T-Roc паркирањето е детска игра. Опционалната помош при паркирање го олеснува паркирањето во непрегледни места за паркирање (сериски од Design). Тоа го овозможуваат сензорите во предниот и задниот дел на возилото. На тој начин, во рамките на границите на системот можете да бидете предупредени за препреки со акустични сигнали и графички приказ на дисплејот на Infotainment таблата.
Дополнителна функција на помошта при паркирање е индиректната функција за маневрирање и сопирање. При возење наназад до 10 km/h системот може со вонредно сопирање да избегне судир или да ги намали неговите последици. Функцијата за маневрирање и сопирање можете исто така да ја активирате и при возење нанапред со притискање на копче. Така при препрека пред возилото може исто така автоматски да се сопира, доколку не реагирате на акустичните предупредувања на помошта при паркирање.
Системот за помош во управување при паркирање "Park Assist" кој може да се добие по желба, може да помогне веќе при пребарувањето на место за паркирање. При поминување тој ги мери двете страни на улицата и за Вас го наоѓа вистинското место за паркирање. "Park Assist" автоматски управува во надолжни и попречни места за паркирање и во рамките на границите на системот возилото самостојно го управува во тесен простор за паркирање - и повторно при излегување од истото. Вие го преземате додавањето гас, притискањето на куплунгот и сопирачката.