T-Roc е компактен во поглед на неговите димензии, но повишената позиција на седење и пријатната слобода на нозете Ви даваат чувство како да седите во многу голем автомобил. Зафатнината на багажниот простор изнесува до 445 литри. Доколку тоа не е доволно, можете асиметрично одделно да ги спуштите потпирачите на задното седиште или за подолги предмети да ја користите можноста за помошен отвор за товарање. Практично: рамната површина за товарање и подот од багажниот простор кој може да се постави во висина. За да можете удобно да сместувате и тешки предмети.