Другите ќе Ве гледаат онака како што Вие ќе се прикажете. Тоа пред сè важи за посебниот дизајн на светло на T-Roc. Тој е сериски опремен со LED светло за дневно возење, кое проминентно може да се види во предниот браник. Заедно со сериските халогенски фарови, тоа се прикажува во компактен линиски дизајн. Доколку се одлучите за опционалните LED фрови (сериски кај T-Roc Sport), ќе привлечете погледи со впечатлива прстенеста оптика. Бидејќи овде функцијата на трепкачи е вградена во светлото за дневно возење, особено привлекува погледи кога свртувате или ја менувате коловозната лента. Со тоа LED светлото за дневно возење претставува еден од доминантните елементи на дизајн на T-Roc.
Благодарение на задните светла во LED техника, впечатлива светлосна сигнатура поседува и задниот дел на T-Roc. Кај T-Roc Sport задните светла се во маркантна темноцрвена боја.