Го редефинира тоа што е возможно.
Посилен, покомфорен и повмрежен од кога било порано, новиот Tiguan Ви покажува што нуди. Интелигентната технологија му овозможува извонредни способности. Како динамичен SUV, тој поставува нова дефиниција за возможното.
Дизајн
Однадвор извонреден
Новиот Tiguan покажува што значи постојано одново да се реосмислуваш. На тоа укажува и неговиот прогресивен дизајн. Од моќните пропорции, преку динамичниот преден дел со прецизните линии, па се до истакнатите рамена, впечатливата силуета ги истакнува своите силни страни: Иновативност, сувереност и бескомпромисна функционалност.
Со толку многу стил. Толку многу забава.
Новиот Tiguan R-Line со пакетот R-Line "Black Style" буквално зрачи со извонреден стил: Решетката на ладилникот со луксузното лого на R-Line е во две бои: Додека надворешните ленти се останати во хром, двете внатрешни ги краси црна боја со висок сјај. И црните капаци на ретровизорите и лентите околу прозорците, како и до 90% затемнетите странични стакла и задно стакло покажуваат класа, без да покажат премногу. Со нив, одговараат црните, сјајни трапезоидни маски и 19-инчните тркала од лесна легура "Valencia"¹⁾ во црна боја. Опционално, достапни Ви се и 20-инчните тркала од лесна легура "Suzuka"¹⁾ во црна боја или "Misano"¹⁾ во црна боја со сјајна површина. Вака се постигнува впечатлив изглед.
Внатре иновативен
Просторниот внатрешен простор на новиот Tiguan е место за визионери. Благодарение на интуитивните контролни елементи на кокпитот ориентиран кон возачот, отсега ќе може да се концентрирате само на она што е најважно. Тоа го овозможува на пример повеќефункцискиот кожен управувач. Или дигиталниот кокпит Digital Cockpit Pro со TFT дисплеј во боја од 26 cm (10,25 инчи), којшто Ви е достапен како сериска опрема за Tiguan R-Line. Од линијата на опрема Life, Вие и Вашиот совозач ќе седите на особено удобни комфорни седишта. А и внатрешното LED осветлување напред и одзади и амбиенталното осветлување* создаваат пријатна атмосфера на високо ниво.
*Сериска опрема за Tiguan R-Line; за Tiguan Life достапно како дополнителна опрема
Светло за расположение: Бидејќи секој ден е различен
Отсега, Вашиот Tiguan секој ден ќе го гледате во ново светло. За таа цел, нежно осветлете го внатрешниот простор во 30 бои. Со поладни или потопли бои, во осветлената метропола или пак навечер по темен автопат: Зависно од ситуацијата, за себе и за Вашите сопатници ќе создадете поинаква, соодветна атмосфера. Амбиенталното осветлување е сериски достапно во Tiguan R-Line, а како дополнителна опрема достапно во Tiguan Life.
Изгледа добро за Вас: програмата на тркала на Tiguan
Со која комбинација од фелни и гуми најдобро изгледа Вашиот Tiguan е прашање на вкус. Како Ви се допаѓаат на пример опционалните тркала од лесна легура од 20 инчи "Misano"¹⁾ за Tiguan R-Line и Tiguan R-Line "Black Style"? Сигурни сме дека ќе го направите правилниот избор.
Направете самите слика од новиот Tiguan
Радио и навигација
Покажува каде има застој
Звукот во ушите. Рутата пред очите. Со нашите два опционални навигациски системи, ќе останете на Вашиот пат и ќе пристигнете на целта добро расположени.
Уште не сте ја слушале Вашата музика на овој начин
Новиот опционален музички систем од "Harman Kardon" одушевува со неговиот софистициран звук и рафиниран, елегантен дизајн. Направен за обожавателите на звукот, коишто не само што сакаат да слушаат музика за време на возењето, туку сакаат и да и оддадат почит. Ве чекаат балансирани високи и ниски тонови, а покрај тоа и прецизни басови. Во Вашиот Tiguan, "Harman Kardon" испорачува звук каков што не сте очекувале.