Мени
Затвори мени
Start Video

Достапен во салоните на Volkswagen. Новиот Touareg.

 

Теренското возило од нова генерација.

Новиот Touareg со неговиот самоуверен линеарен дизајн создава уникатно присуство. Врвните карактеристики на техниката кои може да се добијат по желба, како електромеханичкото стабилизирање на нишање, IQ. Light - LED-Matrix фарови и Innovision кокпитот ги подигнуваат комфорот, искуството за време на возењето и возбудата на ново ниво.

Варијанти на опрема

Стилови

Што Ве привлекува повеќе: ладен изглед на врвна технологија, топли тонови на бои на дрво и кожа или спортски детали? Без разлика за што ќе се одлучите, со луксузните линии на опрема "Elegance", "Atmosphere" или R-Line ќе покажете стил.

Линија на опрема "Elegance" Ве очекува особено ексклузивна естетика.

Touareg "Elegance": Стилската елеганција се соединува со извонреден дизајн.

Линија на опрема "Atmosphere" Ги разгалува Вашите сетила.

Touareg "Atmosphere" не прави компромиси во поглед на луксузни материјали и несекојдневен комфор.

Линија на опрема "R-Line" Се претставува маркантно и динамично.

Новиот Touareg со предизвиците се соочува на спортски начин. Кај линијата на опрема "R-Line" тоа својство на карактерот се гледа уште појасно - однатре и однадвор.

Дизајн

Touareg со неговиот впечатлив и трендсетерски дизајн поставува нови стандарди. Внатре импресионира со многу индивидуални можности за дизајн.

Touareg Augmented Reality Experience Преземете ја апликацијата Touareg AR

Сега искусете го новиот Touareg дома. Едноставно проектирајте го новиот Touareg во реалниот свет. Прикажан во оригинална големина.

Преземете од App Store

Изјава за заштита на податоци Touareg AR App

Start Video
Start Video
Надворешност

Надворешност
Искусете нови патишта.

Стил во нова форма; Преден дел со издолжена врата од просторот на моторот, остро истакнати странични линии, маркантни LED задни светла - новиот Touareg поврзува теренско возило со елеганција и динамика.

Дознајте повеќе

IQ. Light

IQ. Light - LED-Matrix фарови
Затоа што никој не сака да биде заслепен.

Осветлување кое не заслепува во скоро сите ситуации: Опципналните IQ. Light - LED-Matrix фарови со динамично регулирање на долгото светло"Dynamic Light Assist" го осветлуваат Вашиот пат посветло и во поголем обем, без да пречат на другите учесници во сообраќајот во Вашата околина.

Дознајте повеќе

 

"Black Style“ пакет

"Black Style“ пакет
Поставете маркантни црни акценти со опционалниот пакет на дизајн "Black Style".

Направете Вашиот Touareg "R-Line" вистински да привлекува погледи: со пакетот на дизајн "Black Style" на надворешноста на Вашето возило ќе му подарите уште поголема впечатливост.

Дознајте повеќе

 

Панорама покрив

Панорама издигнувачки/лизгачки покрив со панорама покрив назад

Опционалниот панорама издигнувачки/лизгачки покрив со панорама покрив назад се грижи за впечатливо чувство на простор и пријатно осветлување во внатрешноста на Вашиот Touareg. Комфорно со притискање на копче овозможете свеж воздух, слободен поглед кон небото и чувство на безгранична слобода.

Дознајте повеќе

 

Фелни

Фелни
Фелни, кои задоволуваат. Дизајн, кој придвижува.

Touareg ги има соодветните фелни за секој вкус: Од динамично спортски до стилско елегантни - фелните совршено се вклопуваат во надворешниот целокупен изглед и придонесуваат за впечатлив изглед на Вашиот Touareg.

Дознајте повеќе.

 

Украси

Украси
Кој тип на украси сте Вие?

Атмосферата во внатрешноста на Вашиот Touareg силно се истакнува со украсите во внатрешниот простор. По желба можете да изберете меѓу различни линии на опрема, кои на внатрешниот простор на Вашето возило му подаруваат уште поголема индивидуалност и карактер.

Дознајте повеќе

 

Innovision Кокпит.

Innovision кокпитот припаѓа кон врвните карактеристики на Touareg. Широкиот, заоблен екран со брилијантен приказ нуди уникатна ориентација на возачот и интуитивен концепт на ракување без прекинувач. Заземете место во кокпитот од иднината: По желба возачот на Touareg седи пред заоблен дисплеј и ракува со дигиталните прикази преку допир, гестови или говор.

Дознајте повеќе

Start Video
Discover Premium
Digital Cockpit
Head-up-Display
Discover Premium
Digital Cockpit
Head-up-Display

Discover Premium
Уживајте во Infotainment во нова димензија.

Опционалниот навигациски систем "Discover Premium" напредува со нови димензии: Со огромниот дисплеј на допир со големина од 38 cm може да се прикажат повеќе информации и да се овозможи огромна разновидност на функции.

Digital Cockpit
Гледајте ги токму оние информации, кои сакате да ги видите.

Опционалната дигитална инструментна табла Digital Cockpit може да Ви прикаже повеќе информации од само брзина, мерач на број на вртежи и наполнетост на резервоарот за гориво - информациите можете да ги составите индивидуално според Вашите желби. Големиот дисплеј и иновативните функции Ви даваат поголем преглед отколку што досега било можно.

Head-up-Display
Вашиот поглед останува на улицата.

Вашиот поглед останува на улицата и покрај тоа можете да погледнете важни информации за возилото. Затоа што опционалниот Head-up-Display ги проектира приказот за брзината, како и напомените за навигацискиот систем и системите за помош на возачот на ветробранското стакло.

Комфор

Очекувајте комфор на високо ниво. Во Touareg царувајте по улицата и радувајте се на пријатен голем простор, практични опреми и иновативна техника за користење во секојдневието.

Концепт на простор

Концепт на простор
Искусете сосема нови отворени простори.

Вие и Вашите патници ќе се чувствувате пријатно, затоа што во Touareg луксузниот дизајн се соединува со извонредна функционалност. Големиот простор за товарање и електричната врата од багажниот простор овозможуваат огромна флексибилност со голем фактор на комфор за Вашите активности.

Дознајте повеќе

Амбиентално осветлување

Амбиентално осветлување
Потонете го внатрешниот простор во Вашата омилена боја.

Кога е темно, во Touareg се создава особено удобно расположение. Причината за тоа е белото осветлување, а по желба и осветлувањето во повеќе бои. Со 30 бои секогаш ќе патувате во осветлувањето, кое во моментот го посакувате.

Дознајте повеќе

 

ergoComfort седиште

ergoComfort седиште
18 начини на опуштање.

Уживајте во малку велнес за време на возењето. Опционалното ergoComfort седиште за возачот и совозачот можете по желба да го опремите со функција за масажа. Разните програми му помагаат на Вашиот грб да се ослободи од напнатоста. Останете фит, дури и после долго време зад управувачот.

Дознајте повеќе

 

Помошен механизам за затворање врати

Помошен механизам за затворање врати
Трескањето врати е минато.

Во тесни места за паркирање не можете секогаш да имате доволен замав за безбедно да ја затворите вратата од автомобилот. Со опционалниот помошен механизам за затворање врати повеќе не е потребна голема сила, затоа што вратите автоматски се вовлекуваат и се затвораат, доколку се подотворени.

Дознајте повеќе

 

Climatronic

Клима-уред "Air Care Climatronic"
Затоа што секој има различна осетливост на температура.

Која е температурата на која се чувствувате пријатно? Кај серискиот клима-уред "Air Care Climatronic" со филтер за алергени, возачот и совозачот може да ги извршат нивните поставувања независно еден од друг. Опционалниот "Climatronic" со 4 зони ги зема во предвид и различните потребни на патниците во задниот дел на возилото.

Дознајте повеќе

 

Start Video

Системи за помош

Touareg импресионира и во поглед на техниката. Затоа што тој може да понуди иновативни системи за помош на возачот, од кои голем дел за првпат се користат во Volkswagen.

Системи за помош

Систем за помош при ноќно возење

Назад кон прегледот

Погледнете што се крие во темнината.

Уредите за ноќно возење можеби ги знаете од акционите филмови. Сега таков уред имате во Вашиот автомобил. Зраците на опционалниот систем за помош при ноќно возење на Touareg може да Ви достават до кокпитот термална слика од околината со луѓе и животни.

Систем за проактивна заштита на патници

Назад кон прегледот

Ќе бидете заштитени од сите страни.

За да се заштитите себеси и Вашите сопатници, опционалниот систем за проактивна заштита на патници може да Ве обезбеди од сите страни. Доколку се препознае опасност од судир, автоматски се извршуваат мерки за заштита, како затегнување на појасите, исправување на седиштата, како и затворање на прозорците и панорама покривот.

Park Assist

Назад кон прегледот

Паркирајте со чувство на пријатност

"Park Assist" сосема релаксирано Ве маневрира во Вашето сакано место за паркирање. Додека Вие само додавате гас и сопирате, системот го извршува останатото во рамките на неговите граници.

Систем за помош при застој

Назад кон прегледот

Помош при Stop-and-go сообраќај.

Опционалниот систем за помош при застој може во рамките на системските граници да му помогне на возачот при Stop-and-go сообраќај и со тоа да избегне незгоди при застој.

ACC

Назад кон прегледот

Автоматското регулирање на растојание ACC со предвидливо регулирање на брзината и ограничувач на брзината

Најдобро возите со растојание.
Со растојание на еден од најкорисните системи за помош на возачот: опционалното автоматско регулирање на растојанието ACC со предвидливо регулирање на брзината. Вие одредувате максимална брзина а системот Ви помага во рамките на системски граници да внимавате таа да не се пречекори. Покрај тоа, во рамките на системските граници автоматски се одржува минимално растојание до возилата пред Вас.

Систем за помош на крстосници

Назад кон прегледот

Затоа што не можете да гледате околу кривината.

Непрегледното поаѓање и тешко видливите крстосници го присилуваат возачот да постапува бавно „чекор по чекор“. Со помош на техниката на радари, опционалниот систем за помош на крстосници во рамките на системските граници на некој начин помага да се погледне околу кривината. На тој начин системот може да Ви помогне навремено да препознаете попречни возила или пешаци.

Доживување за време на возењето

Без разлика дали претпочитате спортски начин на возење или сакате да совладате отворен терен, новите технологии на Touareg му подаруваат извонредни возни карактеристики.

Start Video

Благодарение на управувањето на сите тркала имате поголема стабилност и можност за маневрирање на едно место.

Управување на сите тркала

Доколку сакате да управувате не само со предните, туку и со задните тркала, можен е помал круг на вртење. Оваа техника, која возилото го прави особено лесно за маневрирање и ја зголемува стабилноста при управување, по желба сега можете да ја користите и со новиот Touareg.

Дознајте повеќе

Нема да се занишате.

Електромеханичко активно стабилизирање на нишање

Претпочитате да возите по кривини на спортски начин? Опционалното електромеханичко активно стабилизирање на нишањето го намалува накосувањето на страните и тенденцијата за недоволно управување. Последица: изненадувачки динамични возни карактеристики.

Дознајте повеќе

Секогаш на вистинската висина.

Воздушна амортизација

За Вашето задоволство за време на возењето да не наиде на препреки, Touareg по желба можете да го опремите со комфорна воздушна амортизација. Таа ја приспособува висината на каросеријата според конкретниот терен.

Дознајте повеќе

Совладајте исто така и тежок терен.

Offroad-Paket

Со опционалниот Offroad-Paket Вашиот Touareg е опремен и за потешка примена на отворен терен: од заштита на удари од камен, до проширен избор на возен профил за суверено да се движите на најразлични подлоги.

Дознајте повеќе

Infotainment

Во новиот Touareg сте оптимално поврзани во мрежа. Уживајте во забава, како што Вие посакувате - по желба со извонреден Surround-Sound. Со радиото, навигацијата и функциите на возилото можете да ракувате делумно едноставно со гестови.

Apple Music
Always on
Навигациски системи
Car-Net
Телефонија
Dynaudio
App-Connect & Media Control
Apple Music
Always on
Навигациски системи
Car-Net
Телефонија
Dynaudio
App-Connect & Media Control

Apple Music
Уживајте во Apple Music до 6 месеци бесполатно1.

Volkswagen Car-Net сега Ви нуди уште повеќе предности: До 6 месеци Apple Music Ве очекува - избор на повеќе од 50 милиони песни, во кои можете да уживате мобилно на Вашиот iPhone или Android паметен телефон како на PC или преку CarPlay во Вашиот Volkswagen. Радувајте се на големиот број врвни карактеристики, како радиото Liveradio Beats 1, актуелните информации за култура и ексклузивните содржини - преку стриминг или офлајн, но секогаш без прекин за реклами.

Always on
Секогаш добар перформанс.

Во Touareg ќе бидете онлајн. Фиксно вградената eSIM-картичка Ви обезбедува пристап до интернет - а со тоа и до светот на мобилните онлајн услуги на Car-Net. На тој начин ќе бидете врвно актуелно информирани и цело време ќе уживате во забава.

Навигациски системи
Навигацијата може да биде толку удобна.

Серискиот навигациски систем "Discover Pro" со великодушен екран на допир со стаклена површина ги исполнува скоро сите желби. Покрај тоа, Touareg опционално го нуди "Discover Premium", кој заедно со Digital Cockpit, заоблен дисплеј кој е насочен кон возачот и нов интуитивен концепт на ракување, целосно го дигитализира кокпитот.

Car-Net
Онлајн светот на Car-Net Ви е отворен.

Мобилните онлајн услуги во автомобилот наскоро ќе Ви станат незаменливи, како Вашиот паметен телефон во секојдневието. Дигиталното поврзување во мрежа ги подобрува навигациската и комуникацијата, Ви помага да заштедите време со актуелни информации и по потреба се грижи за брза помош.

Телефонија
Ви ја олеснува комуникацијата.

Ставете крај на испреплетените кабли во автомобилот. Опционалниот телефонски интерфејс "Business" доаѓа со силен прием и функција за индуктивно полнење на паметен телефон.

Dynaudio
Откријте уште повеќе светови на звуци додека патувате.

Највисоки тонови за Touareg. Но исто така и длабоки ниски тонови. По желба ќе Ве придружува фантастичен 7.1 Dolby-Surround звук од DYNAUDIO, со 14 звучници точно приспособен на просторниот звук на возилото.

App-Connect & Media Control
Постојат уште апликации за Вашиот Touareg.

Во Touareg благодарение на App-Connect Вашиот паметен телефон можете да го поврзете со Infotainment системот и да користите многу апликации за време на возењето. Volkswagen Media Control им овозможува на Вашите сопатници да ја одредат програмата преку мобилен уред.

Информативен материјал за Touareg

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team