Повеќе не Ви е потребен Вашиот паметен телефон во автомобилот за да воспоставите врска со интернет. Затоа што eSIM-картичката која е вградена во Touareg го олеснува користењето на онлајн услуги и интернет радио.
Со "connected Radio" на пример ќе ги слушате Вашите избрани радиостаници, дури и кога сте ја напуштиле областа на емитување. Оваа функција на "хибридно радио" имено може самостојно и лесно да префрлува од теренски радиоприем на интернет стриминг.
Благодарение на "Always on" може да се примат најновите сообраќајни информации од интернет. Врз основа на тие предвидувања, во зависност од обемот на сообраќајот ќе добиете предлози за рути за побрзо да стигнете до Вашата цел.
Дополнителна предност; Софтверот секогаш е ажуриран, затоа што ажурирањата за мапите и уредите може да се добијат онлајн. Исто така не мора да одите во сервисна работилница, нито рачно да извршувате ажурирања.