Ве пречекува особено ексклузивна естетика.

Надворешноста на Touareg "Elegance" е украсена со сјајни 18-инчни тркала и хромирани лајсни на решетката, страничните прозорци и страничните прагови. Во ентериерот доминираат ладни сиви или сини тонови и елегантна црна боја - на пример, кај декорите во алуминиум и во кожениот пакет "Виена" * со контрастни штепови во светло сива боја. Дополнително, можете да го одберете пакетот "Savona" **, кој вклучува удобно седиште ergoComfort за возачот и совозачот и декоративните влошки изработени од скапоцено дрво во текстура "Сребрена бреза".

 

* Седишта со површина и странични панели во кожа "Виена" 

** Седишта со површина и странични панели во кожа "Савона"

Close