Интернетот и дигиталното поврзување во мрежа станаа дел од нашето секојдневие, зошто да мора од нив да се откажете во автомобилот? Затоа во Touareg сериски се достапни мобилните онлајн услуги Car-Net.
Со Car-Net ќе бидете подобро и побрзо информирани. За време на возењето нека Ви се читаат вестите кои Ве интересираат. До целта ќе стигнете релаксирано, додека - приспособено на актуелната ситуација на сообраќајот - ја следите рутата. И на крај ќе заштедите и време при пребарувањето на место за паркирање, со тоа што директно ќе бидете управувани во слободно место за паркирање во паркиралиште или јавен паркинг.