Голем, поголем, најголем: Навигацискиот систем "Discover Premium" кој може да се добие по желба, благодарение на неговиот екран со дијагонала од 38 cm (15 инчи) овозможува подобра видливост на навигациските мапи и разновидни можности за приказ. Содржините и функциите нека Ви се прикажуваат онака како што претпочитате - вклучувајќи ги и Вашите апликации за паметен телефон. Затоа што благодарение на Car-Net App-Connect можете да ги користите технологиите MirrorLink®, Apple CarPlay™ и Android Auto™, кои на дисплејот "Discover Premium" Ви ги пренесуваат избраните апликации од Вашиот мобилен телефон. Покрај тоа, елегантно привлекува погледи со неговиот заоблен дисплеј, кој можете да го користите преку допир, говорно управување или управување со гестови.
Кон опсегот припаѓа и телефонскиот интерфејс "Business" со индуктивна функција на полнење. На тој начин можете Вашиот паметен телефон да го полните безжично, така што едноставно ќе го ставите во преградата предвидена за тоа.