Специјалистот за звук DYNAUDIO го доставува озвучувањето за најдобрите студија во светот. Touareg со звучниот систем "DYNAUDIO Confidence" се претвора во подвижна концертна сала. Вградени се 14 звучници и се одредени да можат да понудат оптимално доживување на звукот на секое место. За 7.1 Dolby-Surround-Sound се грижат 4 звучници за високи тонови, 2 звучници за средни тонови, 4 звучници за ниски тонови, 2 звучници за ефекти назад, 1 централен звучник напред и 1 сабвуфер во багажниот простор - погонувани од засилувач на моќност со 730 вати. Така што не би било чудно доколку никој не сака да излезе од автомобилот, дури и кога веќе долго време сте пристигнале до целта на возењето.