Новиот Touareg ги соединува димензиите на теренско возило со јасно водење на линиите, динамични пропорции и стилска елеганција.
Широк, моќен, суверен: Моќниот карактер на Touareg најпрво се истакнува во доминантниот преден дел. Исправената решетка се спојува со фаровите, хромираните ламели се истакнуваат од логото на Volkswagen кое е поставено во средината кон надвор, сè до стаклата на фаровите. Издолжениот капак од просторот на моторот се истакнува со јасни линии и дава спортски изглед.
Задниот дел на возилото исто така воодушевува: Силните рамена и широките задни светла го истакнуваат прогресивниот изглед. Во средината на задниот дел на Touareg самоуверено стои натпис. Маркантниот и динамичен изглед го комплетираат црниот сјаен спојлер на работ на кровот и големите хромирани цевки за издувни гасови.