Електромеханичкото стабилизирање на нишање¹ го намалува нишањето на кривини, како и движењето на возилото со еднострани стимули од коловозот (копирање на нишање). Затоа што не работи хидраулично - како досегашните активни стабилизатори - туку електромеханички, системот реагира поделикатно и е активен и при ниска брзина. Нова извршна вредност за стабилизаторите се пресметува 400 пати во секунда. Со тоа може значајно да се зголемат комфорот за време на возењето, прецизноста во управувањето, агилноста и стабилноста, како и тракцијата на нерамен терен. Со други зборови: Системот Ви носи огромно задоволство за време на возењето.
Nur in Verbindung mit Luftfederung und Allradlenkung bestellbar.