Без разлика дали на кратки или долги патувања, на кривини или автопат: Релаксирано седнете во опционалните ergoComfort седишта. Предните седишта индивидуално се приспособуваат на телесната фигура на возачот и совозачот на 18 начини. Покрај вообичаеното електрично поместување во должина, висина и накосување, можно е и електрично приспособување на потпората за нозете, како и пневматско поставување на седиштето и перничињата на потпирачите. За да се одмори мускулатурата на Вашиот грб исто така придонесува пневматската потпора за 'рбетниот столб која може да се регулира. Бидејќи седиштата можат да се загреваат, не мора да се откажете од комфорот и релаксирањето и за време на студените годишни времиња.
Покрај тоа опционалната функција за масажа Ви нуди осум различни програми за релаксирање, активирање и зацврстување на мускулатурата на Вашиот грб. Праволиниски, пинг-понг или брановидно: Што Ви одговара најдобро? Со помош на дополнителните нивоа на топлина секое возење го чувствувате како компактен велнес третман.