До видното поле не може поблиску од ова: Опционалниот Head-up-Display го користи ветробранското стакло како површина за проектирање за да ги прикаже најважните информации. Брзината, пораките на системите за помош на возачот или навигациските напомени - веќе ќе ги знаете, без да мора да погледнете на инструментната табла или на навигацискиот екран. Проектирањето се чита дури и при позадинско светло и покрај тоа ќе можете самостојно да го одредите проектирањето на ветробранското стакло. Доколку не Ви е потребен, Head-up-Display може да се исклучи во секое време.