За првпат во Volkswagen има дигитална инструментна табла, таканаречениот Digital Cockpit, заедно со екранот на Infotainment системот зад заоблено стакло ("заоблен дисплеј"): Innovision кокпитот кој е ориентиран кон возачот. Со можноста за управување преку допир, говор и гестови се постигнува максимална едноставност на ракување, без механички прекинувачи, регулатори и копчиња. Огромната површина на екранот се користи за приказ на многу функции во атрактивни слики и анимации. Почетниот екран можете самостојно да го уредите со фотографии и претпочитани функции. Некои прикази можете да ги зголемите со зумиран приказ, што не е можно кај вообичаените тахографи и екрани.
Подетално, Innovision кокпитот е составен од Digital Cockpit, Infotainment системот "Discover Premium", телефонскиот интерфејс "Business" со индуктивна функција за полнење за паметни телефони со 4 приклучоци за USB. Вградена е Car-Net апликацијата App-Connect, со која апликациите од паметниот телефон можете да ги пренесете на големиот екран на допир. Поддржани се сите три важни системи: MirrorLink®, Apple CarPlay™ и Android Auto™. Покрај тоа, Вашите сопатници за време на патувањето може да го одредуваат Infotainment преку таблет или паметен телефон. Така на пример благодарение на "Volkswagen Media Control" е можно да се одредува музичката програма од задното седиште или далечински да се управува навигацискиот систем од седиштето на совозачот. За полнење на мобилните уреди и за пренос на податоци на располагање стојат два отвори за USB напред и во задниот дел.