Дизајнот на внатрешниот простор на Вашиот Touareg не само што влијае врз атмосферата амбиентот во возилото, туку исто така е и одлика на Вашиот личен вкус. Сериските декоративни додатоци "Cortina Silber" на стилски начин ги украсуваат средишната конзола, инструментната табла и облогите на вратите. Кај опционалните украси можете да се одлучите помеѓу два светови на бои: Декоративните додатоци од благородно дрво со отворени пори "Olivesche" во линијата на опрема "Atmosphere" благодарение на вистинското дрво и уникатната структура се грижат за стилска атмосфера. Елементите од исчеткан алуминиум во линијата на опрема "Elegance" на внатрешноста подаруваат модерна, футуристичка нота и благодарение на нивната специјална структура импресионираат со особена хаптика. За што и да се одлучите - во двете линии опционално постои избор на декоративни додатоци од дизајнирано благородно дрво. А по желба средишната мат конзола може да се опреми и со висок сјај. Доколку се одлучите за Innovision кокпитот, средишната конзола на Вашиот Touareg секогаш ќе биде лакирана во црна боја со висок сјај.