Сензационално: Впечатливиот дизајн на опционалните IQ. Light - LED-Matrix фарови на Вашиот Touareg паѓаат во очи. Покрај основните функции на собореното и долгото светло, со Matrix технологијата можете целно да вклучите односно исклучите поединечни LED сегменти за да се создадат голем број на распределби на светло за разни возни ситуации.
При возење со долго светло, преку камера се регистрираат возила кои доаѓаат од спротивната страна и возила пред Вас. Одредени LED сегменти се контролираат, така што постојано ќе можете да возите со долго светло без да ги заслепите другите учесници во сообраќајот. На пример доколку се приближувате до сообраќаен знак, се намалува сегментот кој го осветлува знакот, така што нема да бидете заслепени од рефлексијата на сообраќајниот знак.
Без разлика дали возите низ град, претекнувате друго возило навечер на земјен пат или возите по автопат при лоши временски услови: Сегментите на Вашите IQ. Light - LED-Matrix фарови во зависност од сообраќајната ситуација се приспособуваат во опсегот,ширината и интензитетот на светлото. Matrix технологијата на тој начин овозможува многу подобро осветлување на улицата и со тоа се грижи за релаксирано возење по автопат со зголемена безбедност - без заслепувања и рефлексии кои пречат.