Во Touareg владее пријатна клима благодарение на "Climatronic" со регулирање на температурата со 2 зони односно оптимално со 4 зони. Возачот и совозачот, како опционално и патниците во задниот дел од возилото ги регулираат поставувањата за нивната климатска зона независно едни од други. Покрај тоа, оние кои имаат алергија на поленов прав може да се радуваат, бидејќи филтерот за алергени го чисти од полен свежиот воздух кој влегува.
Клима-уредот ги спречува непријатните мириси, со тоа што автоматски префрлува на циркулирачки воздух, доколку возачот го активира чистењето на стаклата или постави степен за возење наназад. А со регулирањето на бројот на вртежи на вентилаторот во зависност од брзината, ќе биде тивок и при бавно возење.