Екстериерот на Touareg "Elegance" е разубавен со 18-инчните тркала со сјаен финиш, како и хромираните лајсни во решетката за ладење, на страничните прозорци и на страничните прагови. Во внатрешноста доминираат ладни сиви или сини тонови и префинета црна боја - на пример кај украсите од алуминиум и пакетот за кожа "Vienna"¹ со контрастни шевови во светло сива боја. Опционално тоа можете да го дополните со пакетот за кожа "Savona"², кој за возачот и совозачот ги вклучува удобното ergoComfort седиште и декоративните додатоци "Silver Birch" од обликуван не'рѓосувачки челик.
Sitzmittelbahnen und -wangeninnenseiten in Leder "Vienna"
Sitzmittelbahnen und -wangeninnenseiten in Leder "Savona"