Touareg "R-Line" Ви нуди голем број на врвни карактеристики на опрема за спортски изглед, кој гарантирано остава впечаток.
Во надворешноста импресионира со неговиот маркантен преден браник со R-Line специфична C-сигнатура и R-Line лого во решетката за ладење. Со додатоците на вратите во R-Line дизајн, капаците за тркала во боја на возилото и црн сјаен дифузер со хромирани цевки за издувни гасови, Touareg R-Line покажува моќен изглед.
Внатрешната опрема на Touareg "R-Line" не само што импресионира на прв поглед, туку и на прв допир. За тоа се грижат на пример повеќефункцискиот управувач со кожа кој се загрева со R-Line лого или алуминиумските декоративни додатоци "Silver Wave". Прогресивниот изглед го дополнуваат предните лајсни за качување со R-Line лого, кои се осветлени заедно со опционалниот амбиентален пакет, како и педалите и потпорите за стапала од не'рѓосувачки челик.
Пол позиција на секое место за седење - со пакетот за кожа "Savona"¹ кој за Touareg R-Line можете да го добиете по желба. ergoComfort предните седишта и навлаките за седишта во изведба со две бои со акценти во "Carbon Style" (релјефна кожа) на внатрешниот простор му подаруваат уште посуверен изглед.
Исто така импресивен е и опционалниот пакет за кожа "Vienna"² со R-Line навлаки за седишта во "Soul/Kristallgrau" боја и ergoComfort предни седишта.
Она што особено привлекува погледи се карактеристичното R-Line лого на потпирачите за грб на предните седишта кои може да се загреваат, како и разните украсни шевови во кристално сива боја, со кои при избор на еден од овие два пакети внатрешниот простор дополнително се истакнува.
Во комбинација со линиите на опрема "Elegance" и "Atmosphere" по желба можете да го добиете пакетот R-Line "Exterieur". Тој ги содржи обемите кои се специфични за R-Line за надворешноста и со тоа го нуди соодветниот одговор за сите оние кои сакаат да импресионираат со особено динамичен изглед.
Sitzmittelbahnen und -wangeninnenseiten in Leder "Savona"
Sitzmittelbahnen und -wangeninnenseiten in Leder "Vienna"