Навигацискиот систем "Discover Pro" со сериската Car-Net App-Connect со неговиот стаклен TFT екран на допир со големина од 23,4 cm (9,2 инчи) со дисплеј во боја, сензорика за приближување и иновативно управување со гестови може целосно интуитивно да се ракува. Така можете да управувате со повеќе точки од менито со едноставен хоризонтален гест. Системот располага со инсталиран материјал за мапи за Европа, осум звучници и FM радиоприем. SD-отворот за картички и интерфејсот за USB, како и телефонскиот интерфејс преку Bluetooth доживувањето со Infotainment го прават целосно.
Адмиралскиот брод меѓу навигациските уреди е опционалниот "Discover Premium" со неговиот екран со големна од 38 cm (14,9 инчи). Тој е дел од Innovision кокпитот и е интегриран во заоблена - и насочена кон возачот - стаклена површина, која достигнува од тахометарот до средишната конзола. Системот без прекинувачи можете комфорно да го ракувате преку говор, преку гестови или преку допир, како што го ракувате Вашиот паметен телефон.