За удобно телефонирање за време на возењето се грижи опционалниот телефонски интерфејс "Business". Тој нуди особено висок квалитет на говор: благодарение на дигиталниот процесор на говор, висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел од покривот и сопствените звучници на возилото. Со поврзувањето на надворешната антена, приемот е оптимален и при критична мрежна покриеност.
Кон опремата припаѓа и преграда, која индуктивно, значи безжично може да полни соодветен паметен телефон со Qi стандард. Покрај тоа, телефонските разговори кои се започнати надвор од автомобилот можат да се пренесат на уредот за разговор со слободни раце преку Bluetooth. Ракувањето се врши преку говорно управување, со помош на повеќефункцискиот управувач или преку Infotainment системот. Сосема едноставно - и како што посакувате.