Воздушната амортизација по желба нуди комфор при возење буквално на највисоко ниво. Без разлика дали во возниот профил "Comfort", "Normal" или "Sport" - во Touareg сами одлучувате како сакате да го оформите Вашето доживување за време на возењето. Дополнително возилото може да се подигне до 258 милиметри од подлогата. Покрај тоа, на пример за комфорно товарање и растоварање, задниот дел на возилото може да се спушти од стандардното ниво до 50 милиметри.