Volkswagen на автомобилскиот саем во Женева 2016 Светската премиера на T-Cross Breeze

2016-03-03

Volkswagen концепт автомобилот е SUV со отворен кров кој носи свежина во компактниот сегмент


На меѓународниот автомобилски саем во Женева, компанијата претстави возила насочени кон идната мобилноста, еден од нив е фасцинантниот T-Cross Breeze со отворен кров. Т-Cross Breeze концепт автомобилот го означува почетокот на големата моделска офанзива на групацијата Volkswagen во SUV сегментот.

Volkswagen ги изненади посетителите на автомобилскиот саем во Женева со луксузен концепт автомобил. Т-Cross Breeze е најкомпактното спортско возило кое ќе биде понудено од Volkswagen. Тоа е првиот SUV со отворен кров во својата класа и во исто време има повисока позиција на седење за подобра видливост. Исто како и BUDD-e, и кај концептот Т-Cross Breeze сите контроли се на еден прекинувач. Д-р Херберт Дизе, претседател на одборот на брендот Volkswagen патнички возила објасни:"2016 година ќе биде година на нови почетоци за Volkswagen. Со Т-Cross Breeze  ние прикажуваме како би изгледале следните модели на Volkswagen. Ние напорно работиме на развивање на нашите нови SUV модели, а во иднина ќе понудиме SUV варијанта во секој значаен сегмент. "