Новиот Passat GTE во две изведби лимузина и караван

2016-12-25

-        Volkswagen ја продолжува офанзивата со електрични мотори со plug-in хибридна технологија

-        Passat GTE испорачува 218 КС и може да помине 50 километри со електричен погон

-         Првиот plug-in хибрид од Volkswagen во сегментот на големи семејни автомобили

 

Volkswagen го продолжува електрифицирањето! По Golf GTE, следниот волуменски модел со plug-in хибриден систем од германскиот производител е новиот Passat GTE. Со неговото лансирање се означува почетокот на новата генерација на бизнис и семејни автомобили наменети за долги патувања - со нулта емисии на штетни гасови. Volkswagen ја комбинира сегашноста и иднината. Автомобилот може да се пофали не само со еден од најпрогресивните погонски системи на нашето време, туку и со низа иновативни системи за помош на возачот и забавно информативен систем кои досега не можеа да се сретнат во сегментот на големи семејни автомобили

Со излезна моќност од 160 kW / 218 КС, потрошувачка од само 1,6 l на 100 km според NEDC и 12,2 kWh / 100 km  на електрични погон со опсег до 50 километри, новиот Passat GTE поставува нов стандард во поглед на ефикасноста во својата класа.


Новиот Passat GTE има долга листа на опрема која вклучува високо технолошки LED светла, систем за предупредување, систем за автоматско сопирање во случај на автоматско сопирање, систем кој го намалува ризикот од удар напред  со автоматско сопирање во градски услови, сензор за дожд, паркинг сензори во предниот и задниот дел, хромирани рамки на прозорците и многу удобни седишта за уживање во долгите патувања.

 

 

Passat GTE лимузина: потрошувачка на гориво, l / 100 km: 1,7 - 1,6 комбинирано, со електричен погон, kWh / 100 km: 12,8 - 12,2 комбинирано; емисија на CO2 емисии  g / km: 39-37 комбинирано, класа на ефикасност: А +

Passat GTE Variant: потрошувачка на гориво, l / 100 km: 1,7 - 1,6 (комбинирано, со електричен погон, kWh / 100 km: / 100 km: 12,9 - 12,4 комбинирано, емисија на CO2 емисии  g / km: 39-37 комбинирано, класа на ефикасност: А +