Светска премиера на Volkswagen Sharan во Женева

2016-02-15

 • Новото повеќенаменско возило од Volkswagen направено според последните технички достигнувања

• Новите TSI и TDI мотори се 15% поекономични

 

Volkswagen го претставува технички подновениот Sharan на меѓународниот саем во Женева. Бројните нови практични системи за помош го прават ова повеќенаменско возило најдобар пријател на семејството и најнапреден модел во сегментот. Новиот Volkswagen Sharan има широк спектар на забавно информативни системи, а во исто време гарантира целосно поврзување на многу паметни телефони и таблети. Новиот модел од Volkswagen е многу поекономичен, а потрошувачката и кај бензинските и кај дизел моторите е намалена за 15%.

 

Заедно со стандардниот автоматски систем за сопирање, со кој се намалува ризикот од повеќекратен судир, кај новиот Sharan се вградуваат и бројни други безбедносни системи. Безбедносниот пакет ги вклучува и системите Front Assist - систем за следење на состојбата пред возилото со интегриран

 City Emergency Braking - систем за итно сопирање во град при мали брзини, Lane Assist систем за помош при движење во лента, адаптивен темпмат (ACC), систем за помош при паркирање (кој помага при паркирање и излегување од паркинг просторот) како и системот кој ја следи состојбата во мртвиот агол и го предупредува возачот доколку има други возила при менување на лента.

Бензинските (TSI) и дизелските (TDI) мотори, комплетно се редизајнирани и сега се многу помоќни, а во исто време и многу поефикасни. Дизелските турбо мотори со директно вбризгување сега се 15% поефикасни, а истите се во согласност со стандардот ЕУ6. Двата TSI мотори произведуваат 110 kW / 150 КС односно 162 kW / 220 КС. Моќта на бензинските мотор е зголемена за 15 kW / 20 КС. Дизел моторите имаат три нивоа на моќност: 85 kW / 115 КС, 110 kW / 150 КС и 135 kW / 184 КС. Сите мотори (со исклучок на 85 kW TDI) може да се комбинираат со агилниот автоматски DSG 6-степен менувач со двојна спојка, кој придонесува за намалена потрошувачка.