Светска премиера на Cross Coupé GTE на автомобилскиот саем во Детроит

2016-01-27

 - Volkswagen го претстави впечатливиот SUV концепт а со тоа и својот нов дизајн на американскиот пазар

- Cross Coupé  GTE  има пет седишта,  plug-in хибриден систем, погон на сите тркала и моќност од 265 kW / 360 КС

На почетокот на секоја нова година, експертите од автомобилската индустрија се сретнуваат на северно американскиот автомобилскиот саем во Детроит  (NAIAS). Оваа година, Volkswagen го привлече вниманието со спортско корисното возило - Cross Coupé GTE. Со светската премиера на прекрасниот SUV концепт, производителот на автомобили од Волфсбург дополнително на светската јавност и понуди преглед кон иднината на SUV моделите кои следуваат. Cross Coupé GTE е богато опремен со најновите технолошки достигнувања, а во исто време има спортски и економичен V6 мотор со plug-in хибриден погон.

Cross Coupé GTE беше претставен во " Grand pacific glacier" сина боја. Моделот комбинира висока ефикасност и извонреден дизајн. Моќта особено се доловува со надворешниот дизајн кој го карактеризираат прецизни линии на долгиот поклопец на моторот и високиот преден дел. Долгиот профил од столбот А до впечатливиот столб C го истакнува одличниот дизајн и става акцент на спортскиот карактер, но во исто време ја нагласува и стабилноста на големиот SUV. Впечатливите 22-инчни алуминиумски тркала со десет краци го заокружуваат перфектниот изглед.

 

 Концептот опремен е со 3.6 литарски V6 бензински мотор и со два електрични мотори. Шест цилиндричниот мотор со директно вбризгување (FSI) испорачува моќност од 206 kW / 280 КС и максималниот вртежен момент изнесува 350 Nm. Двата електрични мотори поодделно имаат излезна моќ од 40 kW и 220 Nm / 85 kW и 270 Nm. Кога ќе се собере вкупната моќност што ја испорачува системот се добиваат 265 kW односно 360 КС. Cross Coupé GTE ја достигнува максималната брзина до 209 km/h, а забрзува до 100 km/h за само 6,0 секунди. Благодарение на моќната литиум - јонска батерија моделот може да помине 32 километри само на електричен погон.