Иновативниот приказ „head-up“ сега е достапен кај новиот Passat

2016-07-19

 • Релевантни податоци поврзани со патувањето се појавуваат во видното поле на возачот

• Првиот модел на Volkswagen со "head-up" дисплеј
• Отсега достапна е оваа дополнителна функција


Еден од главните моменти на осмата генерација Passat е новиот "head-up" дисплеј. Преку овој дисплеј со висок квалитет се прикажуваат релевантни податоци и известувања поврзани со патувањето. Приказот по желба на возачот може да се појави или да исчезне, а се гледа во долниот десен дел на ветробранското стакло точно во видното поле на возачот. Оваа техничка иновација, сега може да се нарача како опција кај сите варијанти од моделот Passat - Passat лимузина, Passat Variant, Passat Alltrack и Passat GTE - по цена од 496 €.


Со притискање на едно копче, се појавува транспарентен приказ зад инструмент таблата во видното поле на возачот. Брзината, сообраќајните знаци, активните системите за помош како и други функции се прикажуваат на површината од 10x 15cm. Дисплејот има одлична резолуција од 480x240 пиксели.


Возачот може да добие и навигациони информации и сообраќајни предупредувања,  кои исто така се прикажуваат на "head-up" дисплејот. Погледот на возачот останува на патот, информациите се појавуваат на тој начин што изгледаат како да се на два метри оддалечени од предниот дел на возилото. Предноста, на вака поставениот транспарентен приказ со предупредувања и сигнализација, е во тоа што возачот може многу побрзо и посоодветно да реагира. Покрај тоа, возачот својот поглед не мора да го насочува на друго место туку единствено само на патот.
Со користење на менито на информативно забавниот систем, возачот избира кои информации ќе бидат прикажани (на пример, моментална брзина, ограничување на брзината, информации за навигација и др.)
"Head-up" дисплејот се активира на копче кое е поставено блиску до прекинувач за светла. Кога не се употребува, приказот исчезнува, а системот кој е поставен во внатрешноста на контролната табла има заштита од прав.

Passat GTE лимузина: потрошувачка на гориво, l / 100 km: 1,7 - 1,6 комбинирано, со електричен погон, kWh / 100 km: 12,8 - 12,2 комбинирано; емисија на CO2 емисии  g / km: 39-37 комбинирано, класа на ефикасност: А +

Passat GTE Variant: потрошувачка на гориво, l / 100 km: 1,7 - 1,6 (комбинирано, со електричен погон, kWh / 100 km: / 100 km: 12,9 - 12,4 комбинирано, емисија на CO2 емисии  g / km: 39-37 комбинирано, класа на ефикасност: А +